Убиени 14.000 мисирки поради појавата на птичји грип во Германија
Птичјиот грип „Х5Н8“ е потврден на фарма во областа Укермарк, објави владата.
Германската сојузна држава Браденбург објави дека регистрирала нов случај на птичји грип на живинарска фарма, трет за неколку недели, па поради тоа одлучиле да бидат убиени 14.000 мисирки.
Птичјиот грип „Х5Н8“ е потврден на фарма во областа Укермарк, објави владата.
Тоа е трет случај на птичји грип во тој дел на Германија во последните неколку недели, а болеста се појави и во други европски земји.
Шведска одлучи да убие околу 1,3 милиони кокошки поради појава на птичји грип, објави шведскиот земјоделски комитет на 25 јануари.
Се сомнева дека болеста ја шират диви птици. Иако не се сметаат за опасни за луѓето, владите одлучија да го срушат со обемни програми за убивање живина, пренесе „Ројтерс“.