Двојникот на Вучиќ е 29-годишниот Борна од Хрватска (ФОТО)
Немам проблем сè додека луѓето се нормални во врска со мојата сличност со Вучиќ - искоментирал Борна.
29-годишниот Борна од Хрватска е вистинска атракција на социјалните мрежи поради неверојатната сличност со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој бил забележан на мрежата за запознавање Тиндер поради смешниот опис што го оставил под својата фотографија: „Ако не ви пречи тоа што личам на Александар Вучиќ, тогаш јавете ми се“.
Тој за српски „Телеграф“ раскажал како се справува со популарноста, а исто така открил дека само за една вечер добил дури 15.000 следачи на Инстаграм.
– Немам проблем сè додека луѓето се нормални во врска со мојата сличност со Вучиќ – искоментирал Борна.