Одрон од карпи го отежнува сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово

Одронот е над рудникот Огражден.

331

АМСМ соопшти дека вечерва, поради одрони од карпи и земја, сообраќајот на патниот правец Струмица – Берово над рудникот Огражден се одвива отежнато.

Поради врнежите, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

Поврзани содржини