Пандев на врвот во Серија А според бројот на настапи од клупа

Македонскиот капитен одигра 154 натпревари во Серија А што не ги започнал од првата минута.

320

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го израмни денеска рекордот во Серија А според бројот на натпревари на кои влегол во игра од клупата за резервни фудбалери, објави Опта Паоло, италијанската верзија на статистичката платформа.

Пандев, попладнево влезе во игра во 71 минута во триумфот на Џенова на гостински терен над Кротоне до 3:0, во рамки на 20 коло во италијанското првенство.






За македонскиот капитен тоа беше 154 одигран натпревар во Серија А што не го започнал од првата минута, израмнувајќи го рекордот на поранешниот легендарен напаѓач на Киево, Серџо Пелисие.

Своите 154 настапи од клупата за резервни фудбалери 37-годишниот Пандев ги запиша како член на екипите на Интер, Лацио, Наполи и Џенова.

Поврзани содржини