Поетесата од инаугурацијата на Бајден, Аманда Горман стана модел

325

Аманда Горман 22-годишната поетеса, која рецитираше на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден, потпишала договор со агенцијата „ИМГ Моделс“ пренесува „Дипресе“.

Аманда на инаугурацијата на Џо Бајден се истакна со своето рецитирање, и така успеа да ја „украде славата“ на светските ѕвезди Леди Гага и Џенифер Лопез, кои настапија на инаугурацијата.






Горман по својот настап потпишала договор со агенција за мода, чии членови се познати модели како што се Џиџи и Бела Хадид.

Младата поетеса на инаугурацијата не се истакна само со својот настап, туку и со стајлингот кој потпишан од модниот агент Прада. Црвената шапка која ја носела на инаугурацијата, е распродадена со молскавична брзина, а побарувачката за жолтиот капут кој го носела пораснала за повеќе од 1000 отсто, судејќи према пребарувачите на сајтовите за онлајн продажба на брендирана гардероба.

Поврзани содржини