Професионалните војници ќе добиваат отпремнина од 1000 евра за година стаж
Војниците кои навршиле старост од 45, а имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра, а оние со 26 години ќе можат да доијат 26.000 евра.
Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполноти 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.
Ова денеска го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со Синдикатот на одбраната, на која ги информирала членовите за предлогот на Владата која, како што рече, има цел да им се оддолжи на војниците кои тоа и го заслужуваат.
Според појаснувањето на министерката оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или пак оние кои имаат 26 години ќе можат да доијат 26.000 евра.
Репрезентативниот Синдикат даде целосна поддршка за предлогот на Министерството и порача што е можно порано да се имплементира овој предлог.