Силјановска: Кај нас има нешто што никаде го нема, ќе се попишуваат засекогаш иселени лица
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ дека жители се и оние доома и оние надвор и сите треба да се попишат, Силјаановска Давкова истакна дека такво нешто не треба да постои.
Кај нас има нешто што никаде го нема. Ќе се попишуваат лица на привремена работа или престој, а ниту се таму привремено ниту за кус престој туку се засекогаш. Ниту еден стандард меѓународен не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци бидејќи тие влегуваат во пописната маса надвор, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на 24 анализа во дебата за пописот во Македонија.
Силјановска Давкова се осврна на регулативите на ЕУ за кои се зборува, но потенцираше дека само првиот член од најцитираната еегулатива 763 е внесен во законот, додека најважниот членот 2 воопшто го нема иако во него се дефинициите.
Дека тоа што го има кај нас го нема никаде таа спореди со законите во Хрватска која е членка на ЕУ и Србија која е од регионот, ама не во ЕУ.
– Во хрватскиот закон во член 4 стои дека законот при пописот ќе ги применува регулативите 763 и 712. И во Хрватска и во регулативата, прво население на национално, регионално и локално ниво. Домување, згради и станови. Најважно дека предмет на пописот можат да бидат само вообичаените резиденти на географската ера каде што се попишуваат. За надвор само оние кои се најмногу 12 месеци отсутни или дома ако се странци или имигранти најмалку 12 месеци пред критичниот ден. Во членот 6 кај нас вели: Државјани дома и надвор – вели Силјановска Давкова.
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ дека жители се и оние доома и оние надвор и сите треба да се попишат, Силјаановска Давкова истакна дека такво нешто не треба да постои.
– Само тие дома се жители, а тие надвор, како на пример моите роднини во Данска се жители во Данска, ама имаат и македонско државјанство. Нивното попишување не гледам со каква цел би било, бидејќи таму имаат образование, здравство социјална заштита, пензии, итн. Значи ниту еден стандард меѓународен не зборува за државјани на една држава кои се надвор подолго од 12 месеци бидејќи тие ввлегуваат во пописната маса надвор. Дефининициијата е дека мора да се попишат оние што имаат вообичаено живеалиште, а тоа е местото каде што индивидуата го троши денот, и одморот-ноќта, со куси ооотсуства заради рекреација, рпазници, посети на рдони, бизнис, лекарски третман или религиозни активности – нагласи Силјановска Давкова