Русија во февруари почнува со масовно производство на втората вакцина против ковид-19

313

Русија во февруари ќе почне со масовно производство на својата втора вакцина против ковид-19, изјави премиерот Михаил Мишустин откако земјата минатата недела пона кампања за масовно вакцинирање, пренесува Индекс.хр.

-Идниот месец почнуваме со масовно производство на вакцината ЕпиВаКорона – изјави Мишустин на состанокот кој го пренесувала телевизија, додавајќи дека руската влада за таа цел издвоила околу 21,8 милиони евра.






Ова е втора вакцина од руско производство против ковид-19.

Вакцината која во октомври е регистрирана во Русија, ја разви лабораторијата Вектор во Новосибирск, во западен Сибир. Таа лабораторија во советско време во тајност истражувала за биолошко оружје и чува примероци на различни вируси, од сипаници до ебола.

Поврзани содржини