Документарец открива дека научници во Кина со голи раце фаќаат лилјаци и измет ВИДЕО
Филмот ненамерно покажува дека мерките за безбедност не се почитуваат како што треба, не само при истражувањето во пештерата туку и во лабораторијата, каде лабораториските техничари не носат вистинска заштитна опрема или маски за лице.
Во документарецот прикажана е група научници собрани околу Ши Џенгли, позната како „Жена лилјак“, во потрага по потеклото на САРС, и иако им било јасно дека лилјаците кои ги прегледувале можат да носат во себе смртоносни вируси, одделни научници за време на истражувањето во пештерата во Јунан не носеле заштитна опрема.
Фатените лилјаци биле прегледувани со голи раце, а без заштита на рацете бил земан и нивниот измет, кој е можен извор на зараза.
Вирологот Чуи Џиу дури кажал дека лилјак го гризнал преку тенките ракавици и тој во филмот го покажува местото на каснување, додека глас од позадина го кажува фактот дека лилјаците можат да пренесат бројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим пред земањето на примероците се вакцинираат против беснило.
Филмот ненамерно покажува дека мерките за безбедност не се почитуваат како што треба, не само при истражувањето во пештерата туку и во лабораторијата, каде лабораториските техничари не носат вистинска заштитна опрема или маски за лице.
Како што кажува Ши Џенгли, „таа работа не е толку опасна како што сите мислат“, бидејќи е многу мала веројатноста за директна зараза на луѓето.
Таа тогаш објаснила дека нејзините соработници, кога знаат дека лилјаците на одредено место во себе носат вирус кој може да помине на човекот, спроведуваат поголеми мерки на претпазливост, но дека „во повеќето случаи се применува само обична заштита“.
Документарецот, се наведува, отвора прашања на кои сигурно и научниците на СЗО би сакале да ги најдат одговорите, бидејќи шокира лежерниот однос кон безбедносните мерки.