Каков е интересот на лекарите да се вакцинираат против ковид-19?

489

Матичните лекари, аптекарите и лаборантите повеќе сакаат да се вакцинираат против коронавирус од вработените во државните клиники и болници. Интерната анкета на Министерството за здравство и Националната група за Ковид вакцинација покажала дека од 2.462 анкетирани матични, вработени во аптеки, лаборатории и специјалистички ПЗУ, 80,8 проценти одговориле дека ќе се вакцинираат, објави ТВ Сител.

Од 13.690 лекари, медицински сестри и останат здравствен кадар и администрација во јавните здравствени установи – 69 отсто потврдиле дека ќе примат ковид вакцина, сличен е процентот (69,5) и од анкетирани 579 вработени во приватните болници.






– Од здравствените работници кои одговориле негативно на прашалникот, како причина навеле дека немаат ризик од зараза од вирусот или „други причини“. На здравствените работници им беше овозможено да одговорат дали работат со ковид пациенти, дали се медицински, технички или административни лица во ЈЗУ-ата, односно ПЗУ-ата – рекле од Здравство.

 

Поврзани содржини