Бајден им се извини на гардистите што спиеја на паркинг (ФОТО)

Првата дама Џил Бајден исто така ги посети војниците и лично им се заблагодари, носејќи им бисквити од Белата куќа како подарок.

1,321

Американскиот претседател Џо Бајден се извини откако припадници на Националната гарда стационирани во Капитол беа фотографирани како спијат на паркинг, јави Би-Би-Си.

Повеќе од 25.000 војници беа донесени во Вашингтон да ја обезбедуваат инаугурацијата по насилствата што се случија месецов во зградата на Капитол.






Фотографиите предизвикаа лутина меѓу политичарите. Бајден го повика шефот на Гардата вчера за да му се извини и да праша што може да стори, јавуваат американските медиуми.

Првата дама Џил Бајден исто така ги посети војниците и лично им се заблагодари, носејќи им бисквити од Белата куќа како подарок.

– Денес сакав да дојдам да ви се заблагодарам на сите што нѐ чувате мене и моето семејство – рече таа.

Фотографиите покажуваат стотици војници во гаражата. Јавноста реагираше за условите во кои биле сместени војниците, дека биле изложени на издувни гасови, дека немале тоалети, а и на опасност од ширење на коронавирусот.

Помеѓу 100 и 200 војници се тестирани позитивни на ковид-19 по инаугурацијата на Бајден, изјави анонимен претставник на власта во САД.

Поврзани содржини