Се намалува бројот на хоспитализирани поради ковид-19, во болница се лекуваат 598 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 284 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

491
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 598 и има околу 650 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 284 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.





Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 8 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 5 во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 23, на Институтот за ТБЦ 16, на Клиниката за нефрологија 16, на Клиниката за Гастроентерохепатологија 16 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 93 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 82 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 314 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти, во Штип 27, во Тетово 16, во Велес 25, во Куманово 54, во Охрид 35, во Прилеп 35, во Гостивар 19, во Струга 11, во Струмица 26, во Кочани 1, Кичево 13, Кавадарци 20, Гевгелија 6, а во Дебар 11 пациенти.

 

Поврзани содржини