Зариф: Планетата ќе биде подобро место без Трамп

209

Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф изјави дека „планетата Земја ќе биде подобро место за живеење“ по заминувањето на Доналд Трамп од претседателската функција.

Зариф на Твитер напиша дека „штетата што режимот на Доналд Трамп и ја нанесе на човековиот род не е доволна за неговите екстремисти“ и нагласи дека „се срамни последните денови на Трамп“.






– Тоа што Мајк Помпео ги прогласи Хутите за терористи и со тоа го зголеми хуманитарниот кошмар во Јемен со кажување лаги против Иран, покажува краен презир кон мирот – посочи Зариф

Поврзани содржини