„Санофи“ се нуди да им помогне на компании кои веќе произведуваат вакцини против ковид-19
Министерката рече дека се започнати разговори со „Санофи“ за да дејствува како ко-производител за други фирми додека ги заврши сопствените вакцини за ковид-19.
„Санофи“, најголемата фармацевтска компанија во Франција, може да помогне во производство на странски развиени вакцини против ковид-19 во очекување на лансирање на сопствена вакцина, која нема да биде готова со месеци.
Според министерката за индустрија Ањес Пание-Рунахер вакцините развиени од „БиоНТек“, кои се партнери со „Фајзер“ и „Јанесен“, сопственост на „Џонсон и Џонсон“, би биле најверојатен избор на „Санофи“ „да подаде рака“.
Франција имаше големи надежи дека нејзиниот национален шампион „Санофи“ ќе придонесе во првиот бран на коронавирусот, но вакцината на компанијата нема да биде готова пред крајот на годината, јавија француски медиуми.
Министерката рече дека се започнати разговори со „Санофи“ за да дејствува како ко-производител за други фирми додека ги заврши сопствените вакцини за ковид-19.
Од „Санофи“ за француски медиуми соопштиле дека ја проценуваат „техничката изводливост за привремено спроведување на некои фази на производство на други производители на вакцини против Ковид-19“, без да ги именува ниту „БиоНТек“, ниту „Јансен“.
Разговорите се уште се „во прелиминарна фаза“, се вели во изјавата.
Министерката рече дека главното прашање е дали „Санофи“ има резервен капацитет да ги направи дозите за три до пет месеци, со активни состојки кои додаваат уште неколку месеци, во процес „што обично трае од 12 до 18 месеци“. Таа ги отфрли критиките за доцнењето на „Санофи“ во развојот на своја вакцина, потенцирајќи дека компанијата доцни само „три месеци“ во споредба со целта во јули и дека нејзините перформанси сепак се „извонредни“.