Познат распоредот на македонските ракометари на СП во Египет

Според најавите, македонската ракометна репрезентација ќе отпатува за Египет утре попладне со чартер-лет.

565

Македонската ракометна репрезентација ќе го отвори настапот на 27. Светско првенство в четврток против Шведска од 20:30 часот.

Вториот противник на македонските ракометари во рамки на Г групата ќе биде домаќинот Египет в сабота од 18 часот, додека натпреварите по групи избраниците на Данило Брестовац ќе ги заокружат против Чиле в понеделник од 15:30 часот.






Според најавите, македонската ракометна репрезентација ќе отпатува за Египет утре попладне со чартер-лет.

Светското првенство во Египет ќе се одржи од 13 до 31 овој месец, без присуство на публика на трибините.

Поврзани содржини