Нашите борци легализација на марихуаната се „крстат“ во Амстердам, а таму сакаат да ги спречат странците да влегуваат во хаши-кафулињата

„Амстердам е меѓународен град и ние сакаме да привлечеме туристи - но заради богатството, убавината и културните институции“, вели градоначалничката, додавајќи дека пазарот на канабис е преголем и има премногу врски со организираниот криминал.

1,317

Градоначалничката на Амстердам предлага само на жителите на Холандија да им биде дозволено да влезат во 166-те кафулиња кои продаваат марихуана во градот, а не и на странците, пишува „Гардијан“.

Во Македонија, во поддршка на владините планови за легализација на т.н. рекреативна употреба на марихуаната, често се спомнува токму примерот на кафулињата во Амстердам, при што се тврди дека од продажба на канабис во овие објекти се заработуваат милиони евра. Намерно или не, се „заборава“ да се спомне дека Холандија има амбициозни планови за обесхрабрување на организираниот криминал и намалување на туризмот со дрога.






Поддржана од полицијата и од обвинителите, градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предлага на странските туристи да им се забрани влез во 166-те кафулиња што продаваат марихуана, а мерката би стапила на сила следната година.

Владините истражувања покажале дека 58% од странските туристи кои го посетуваат Амстердам доаѓаат главно да консумираат дрога.

„Амстердам е меѓународен град и ние сакаме да привлечеме туристи – но заради богатството, убавината и културните институции“, вели градоначалничката, додавајќи дека пазарот на канабис е преголем и има премногу врски со организираниот криминал. Таа вели дека градот може да остане „отворен, гостопримлив и толерантен“, но во исто време сака да им го отежни животот на криминалците и ќе го намали масовниот, нискобуџетен туризам.

Во Македонија се шири заблуда дека канабисот во Холандија е целосно легализиран. Но, тоа не е точно. Производството на канабис во оваа земја е нелегално, но поседувањето на помалку од 5 грама дрога беше декриминализирано во 1976 година, согласно со „политиката на толеранција“.

Слични забрани, какви што предлага градоначалничката на Амстердам, поткрепени со закон од 2012 година, веќе постојат во градовите како Мастрихт и Ден Бош.

Фотографија: Pixabay

 

Поврзани содржини