Геберјесус разочаран од одлуката на Кина
Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем - посочи Гебрејесус.
Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Геберјесус изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на ковид-19.
Тој наведе дека дел од експертите веќе тргнале кон Кина, а на другите патот им е откажан во последен момент.
– Добивме уверување дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за што поитно решавање на овој проблем – посочи Гебрејесус.
Тој истакна дека стапил во контакт со кинеските власти и оти мисијата е приоритет на СЗО и на меѓународниот тим.
Претходно беше соопштено дека кинеските власти не дозволиле влез на претставниците на Светска здравствена организација, кои треба да го истражат потеклото на ковид-19 во кинескиот град Вухан.