Сите се согласуваат во една работа – Меланија можела тоа да го направи на навистина подобар начин, барем кога станува збор за модата.
Како што се доближуваат последните денови од престојот на Трам во Белата куќа, американските медиуми често се присетуваат на модните „промашувања“ на првата дама, а таа во последните денови од 2020 година дополнително им помогнала со нејзиниот избор на облека кој што е невообичаен за неа, пренесува „Glossy“.
Со оглед на тоа што сме навикнати Меланија секогаш да ја гледаме беспрекорно облечена, да носи капути и фустани кои што ја истакнуваат нејзината фигура, таа сега ги изненадила сите кои што го следат нејзиниот стил кога излегла од хеликоптерот на тревникот на Белата куќа во целосно различно издание.
Таа избрала да носи предимензиониран и долг капут кој што не ја следи линијата на нејзиното тело.
Тој е широк дури и во пределот на ракавите и делува како да има благ „puff ефект“. Таа се определила за кариран дезен, при што хоризонталните линии доминираат.
Фигурата ѝ е визуелно скратена и благодарение на фактот што првата дама не носела високи потпетици кои што се нејзин заштитен знак, туку избрала рамни, кожни чизми.
Иако цела оваа комбинација ја „зачинила“ со кожните ракавици кои што се многу шик, се добива впечаток дека Меланија можела да го изведе сето тоа на многу подобар и пософистициран начин.
View this post on Instagram