Полицијата спаси 67-годишна жена од водите на Вардар
Жената е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди.
Денеска во 10.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје.
– Полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош. Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди – се вели во соопштението од МВР.