Шведска воведува нови мерки по рекордниот број починати
Во средата, Шведска регистрираше 8.846 нови случаи на коронавирус и 243 починати, што е најголем број на починати од почетокот на пандемијата.
Шведските власти денеска преземаа мерки против коронавирусот, препорачувајќи им на патниците да носат маски во јавниот превоз за време на сообраќајниот шпиц, откако таа скандинавска земја забележа рекорден број на починати во еден ден – 243.
Ажурираното упатство за маски во државата која беше упорна во одбивање на воведувањето рестриктивни мерки во борбата против пандемијата, доаѓа само ден откако националната здравствена агенција им препорачала на здравствените работници да носат маски, пренесува Ројтерс.
Во средата, Шведска регистрираше 8.846 нови случаи на коронавирус и 243 починати, што е најголем број на починати од почетокот на пандемијата, иако здравствената агенција предупредила дека статистиката за време на Божиќниот период е непрецизен поради помалиот број тестирања и доцнења во пријавувањето на смртни случаи.