Дали се сеќавате на жената со гулабите од филмот „Сам дома 2“? Нејзината изјава го растажи светот ФОТО
Бренда Фрикер (75), ирската актерка која ќе остане запаметена по улогата на жената со гулабите во која најголем пријател ѝ е детето Кевин од филмот „Сам дома 2“, беше гостин во една радио емисија, каде со својата изјава растажи многумина.
Во емисијата Бренда изјави дека е стара и дека живее сама, па затоа се чувствува осамено, пренесува британски „Дејли мејл“.
– Се држам, како и сите други. Имам 75 години и ќе излажам ако кажам дека ќе имам убав и среќен Божиќ бидејќи сум една од оние луѓе кои се стари и живеат сами, па овој период знае да биде многу мрачен. Го исклучувам телефонот и ги спуштам ролетните. Однапред снимам некои добри ТВ-програми и имам куче, и на тој начин го проаѓам тој период – рекла Фрикер.
„Ѕвоната ѕвонат и нема никој да се сврти, да прегрне и да се насмее, а јас не можам д апобегнам од ѕвоната, црквите се насекаде“, објаснила таа.
Бренда била во брак со Бери Дејвис девет години, а се развеле во 1988 година. Две години подоцна Бери починал, а таа не успеала да присуствува на неговиот погреб. Во тоа време ја снимала серијата „Brides of Christ“ во Австралија, а договорот не ѝ дозволувал да се врати дома.
Бренда и Бери се развеле поради неговиот проблем со алкохолот, но и понатаму лудо се сакале.