Истражување: Ќе се шокирате од тоа колку маските навистина штитат од вирусот
Нема сомнение дека заштитните маски можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат новиот вирусот - изјави водечкиот автор на студијата Игнасио Марија Виола.
Експертите од почетокот на пандемијата нагласуваат дека маските ефикасно штитат од вирусот ковид-19, но сепак има многу кои не веруваат во тоа. Научниците сега ги открија најновите податоци.
Маските за лице го намалуваат за 99,9 проценти ризикот од ширење на големи капки поврзани со опасност од инфекција со коронавирусот, во ситуации кога некој зборува или кашла, покажува најновата научна студија.
Жена во исправена положба, оддалечена два метра од маж кој кашла без маска, е изложена 10.000 пати повеќе на ширење капки што потенцијално го носат вирусот, се наведува во списанието „Royal Society Open Science“.
– Нема сомнение дека заштитните маски можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат новиот вирусот – изјави водечкиот автор на студијата Игнасио Марија Виола, експерт за динамика на флуиди на Универзитетот во Единбург.
Авторите на студијата велат дека капките, кои се исфрлаат „како проектил“ при зборување или кашлање, се главниот двигател на преносот на вирусот ковида-19.
Помалите, пофини аеросолни капки можат да останат подолго во воздухот и да претставуваат ризик, особено во затворен простор без проток на воздух, кога луѓето не носат маски или не ги носат погрешно, под носот.
– Постојано издишуваме цел спектар на капки, од микро нивоа до милиметри, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и, особено, струењата на воздухот – велат научниците.
Во студијата, тие се концентрирале на честички поголеми од 170 микрони, или околу два до четири пати поголеми од човечката коса. Аеросолните честички се помали од 20 до 30 микрони.
Универзалното носење маски ќе го намали бројот на смртни случаи во светот за 40.000 до 1-ви април, објави Институтот за здравствена метрологија и проценки во Вашингтон.
Центарот за контрола и превенција на болести во Вашингтон наведува дека маските не само што ефикасно блокираат поголеми капки, туку исто така можат да запрат фини капки и честички, кои обично се опишуваат како аеросоли.
Вирусот што предизвикува инфекција е со дијаметар од околу 0,1 микрони.