Азески: Немаме проблеми во соработката со бугарските бизнисмени

Претседателот на СЈМ рече дека бизнисмените од двете страни бараат да функционира правната држава.

491

Политичките случувања со Бугарија не влијаеја врз коморското работење зашто во овие 30 години научивме дека треба да се бавиме со нашите надлежности за кои од политичките односи единствено се важни владеењето на правото и функционирањето на правната држава, порача денеска претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

– Ние немаме никакви проблеми во соработката со бугарските бизнисмени и сакаме инфраструктурно да ги поттикнеме владите на двете држави да работат на поврзување на земјите како со сите останати. На тој план ќе ги интензивираме активностите и преку коморите и на тој начин ќе придонесеме да се зголеми трговската размена- изјави рече Азески по потпишувањето меморандум за соработка со МАНУ.






Тој додаде дека се за НАТО и ЕУ но и оти бараат и нови пазар за да обезбедат, како што рече, дисперзија на ризикот.

-Тоа се долготрајни процеси на кои работиме. Што се однесува до соседите во кои ја вклучувам и Бугарија може да кажам дека Договорот од ЦЕФТА не ги даде очекуваните резултати и практично размената со земјите од соседството не е зголемена. Затоа правиме акциски план за наредната година со Бугарската комора да интензивираме некои активности исто како и со Српската, Косовската, Албанската и Грчката комора за да се зголеми размената која веќе десетина години се движи вкупно околу 300 милиони евра со сите соседи – прецизира Азески.

Поврзани содржини