Раперот Паф Диди ѝ подари на својата мајка Џенис милион долари и луксузен црн Бентли за нејзиниот 80-ти роденден.
Шон Комбс, попознат како Паф Диди, на својот профил на Инстаграм објави фотографија од неа и ѝ го посвети својот емотивен статус.
„Постојам само поради оваа прекрасна, вредна, мила, забавна, онаа која секогаш ми ја кажува вистината, паметна и апсолутно неверојатна кралица! Најдобрата мајка на светот! Те сакам засекогаш“, напиша раперот и додаде дека неговата мајка изгледа фантастично во 80-тите години без филтри и уредување.
Тој исто така покажа во својата приказна колку неговата мајка е воодушевена од новото „Бентли“.
Страницата Got That Hip Hop на Твитер објави дека покрај луксузниот автомобил, Џенис добила и чек од милион долари.
Паф Диди, инаку, е еден од најбогатите личности во музичката индустрија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм