Василевска: Попис на државјани не се прави, ова е сериозно злосторство во кое што соучествува власта
Според стандардот на ЕУРОСТАТ се вели дека најмалку 12 месеци резидентно население на определено место се попишува. Оние што се над 12 месеци, без оглед дали се државјани на Република Македонија тие ќе се попишат на местото каде што привремено или подолгорочно претстојуваат.
Законот за попис има повеќе политички апсекти наместо стручно и професионални. На пример членот 4 не е предвидено постпописното истражување кое се прави на најмалку 2 отдсто од пописната маса заради утврдување на квалитетот на редовниот попис. Тоа значи евентуалните пропусти во пописот да се прикријат, рече Иванка Василевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во„24 анализа“.
Василевска додаде дека во челнот 6 од законот за попис се споменува терминот државјани, наместо лица како што е и на пример претходниот закон од 2011 и како што е според стандардите на ЕУРОСТАТ и во сите развиени земји.
– Категоријата резидентно население и категоријата државјани се две различни категории. Попис на државјани не се прави. Ова отвора друга дискусија. Ова веќе е политичко сериозно прашање. И ова веќе ја загрозува унитарноста на Република Македонија. Ова е сериозно злосторство во кое што соучествува власта – нагласи Василевска.
Василевска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна опозиција тука нема да може да премолчи.
– Според стандардот на ЕУРОСТАТ се вели дека најмалку 12 месеци резидентно население на определено место се попишува. Оние што се над 12 месеци, без оглед дали се државјани на Република Македонија тие ќе се попишат на местото каде што привремено или подолгорочно претстојуваат. Тие не се ставаат во масата на населението кое што егзистира, придонесува, дејствува на државната територија на Република Македонија – истакна Василевска.
По првото читање на законот за попис, според Василевска, спорно е како се одвива целиот процес.
– Бидејќи овој закон за попис ад хок закон и се носи со точна намена и има своја определена цел, а тоа нели е пописот на резидентното население на Република Македонија. И во таа смисла она што е прво и што треба да го знае јавноста дека е веќе премногу доцна. Значи се поминати роковите – смета Василевска.
Таа додаде дека уште во септември ДЗС апелираше ако следната година сакаме спроведување на попис треба да се започнат процедурите за истиот да се оствари.
– Власта имаше повеќе желба да се занимава со распродавање на националната историја, на националното достоинство, се занимаваат со завршување на нивните бизнис зделки како клан владејачки, како што е процесот на марихуана. А, пописот се остави на страна бидејќи поважни беа на власта други работи и приоритети – истакна Василевска.