Фатени неколку дилери на марихуана! Почина пешак во Виница
Приведен Турчин кој сакал со фалсификуван зелен картон да влезе во земјава.
МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 13.12.2020 во 22.20 часот во Куманово, полициски службении од СВР Куманово го лишиле од слобода М.И.(27) од Куманово бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
УАПСЕН ДИЛЕР НА МАРИХУАНА – На 13.12.2020 во 20,20 часот во село Катланово од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец од слобода е лишен К.Н.(37) од Скопје бидејќи кај истиот е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПРИВЕДЕНИ ЧЕТИРИ ЛИЦА КОИ ИМАЛЕ МАРИХУАНА КАЈ СЕБЕ – На 13.12.2020 во 19,50 часот во село Миладиновци, од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец од слобода се лишени К.А.(22), Б.А.(18), С.Р.(18) и Е.Д.(19) сите од Скопје бидејќи кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
СКОПЈАНЕЦ ФАТЕН СО МАРИХУАНА – На 13.12.2020 во 23.00 часот полициски службеници од Полициска станица Аеродром од слобода го лишиле Х.С.(20) од Скопје бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
ФАТЕН КРАДЕЦ БАРАН ОД ИНТЕРПОЛ – На 13.12.2020 од полициски службеници од Полициска станица „Ќафасан“ бил лишен од слобода П.М.(43) од Р.Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и истиот се бара по потерница од Интерпол Норвешка. Лицето е задржано во Полициска станица Струга за понатамошна постапка.
ПРИВЕДЕН ТУРЧИН ПОРАДИ ЛАЖЕН ЗЕЛЕН КАРТОН – На 14.12.2020 во 01,15 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода М.Д.(35) од Р.Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ – зелена карта. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Крива Паланка за понатамошна постапка.
ПОЧИНАЛ ПЕШАК ОТКАКО УДРИЛО ВОЗИЛО ВО НЕГО – На 13.12.2020 во 18,00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, патничко моторно возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Виница, удрило во пешакот М.Г.(66) од Виница. По незгодата М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница.