Бучковски во Софија со нон-пејпер и гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија ВИДЕО

1,373

Разговорот на специјалниот преставник на македонската Влада, Владо Бучковски со бугарскиот премиер, Бојко Борисов е јавно објавен, а во него Бучковски вели дека носи нон-пејпер како гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и нема да се меша во прашањето за малцинствата, односно прашањата кои го загрижуваат бугарското општество.

– Скратеното име на нашата земја Република Северна Македонија е Северна Македонија, и тоа не значи територијални претензии кон Бугарија. Како што стои и во Договорот, ние не се мешаме во внатрешните работи и тоа ќе го почитуваме – вели Бучковски.






Поврзани содржини