ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров.
Утре, од 09 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Тетовска бр. 38, општина Центар. Во истата општина, од 09 до 15 часот, утре без струја ќе бидат и корисниците на улиците Пролет 8 и Мирче Ацев згради со бр. 1, 3, 5 и 7. Од 11 до 13:30 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“, поточно крак бр. 20, во општина Аеродром.
В четврток, од 08 до 09 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Гоце Стојчевски зграда бр. 5 и Ул. Лазо Москов зграда бр. 2, општина Бутел. Во истата општина, од 08 до 15 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците одд бул. Босна и Херцеговина во близина на Железничка Станица Север. Од 08:30 до 11 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Румена Хаџипанзова, општина Кисела Вода.
Од 09 до 14 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од дел од с. Волково, (во близина на спортското игралиште), општина Ѓорче Петров.
В четврток, од 09 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Иван Козаров од бр.2 до 22 и од бр.33 до 51, во општина Кисела Вода. Во истата општина, од 12 до 14 часот, ќе бидат и корисниците од ул. Михаил Чаков бр. 3.