ВМРО-ДПМНЕ: 41 починати за само еден ден, а Филипче тера Твитер кампања и го брани Заев во внатрепартиски пресметки

410

41 починати од ковид-19 во само еден ден, а Фичипче наместо да се фати за работа тера кампања на Твитер и го брани Заев во внатрепартиски пресметки. Доколку Филипче сака да го брани квислингот Заев во внатрепартиски пресметки и да си тера твитер кампања тоа може слободно да продолжи да го прави, но треба да си поднесе оставка веднаш. Не може на секој саат да умираат по двајца од ковид- 19, а никој за тоа да не презема одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема оправдување затоа што Македонија е на врвот на починати од ковид-19 во Европа. Луѓе умираат затоа што системот не функционира, а за тоа е одговорен Филипче. Со денови се чека за тестирање, а потоа уште неколку дена за да се добијат резултати. Болниците се преполни, внатре е хаос и владее неорганизираност. Уште владее тагата за изгубениот живот на мајката на малата Михаела, која можеби ќе беше спасена, ако функционираше системот. Но системот не функционира и прашање е колку од овие 41 починати наши сограѓани ја имале истата судбина или можеби и полоша – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од таму додаваат дека граѓаните не го заслужуваат ова и дека Филипче мора да сфати дека тој е единствен виновник за лошата ситуација и да си даде оставка веднаш.

Поврзани содржини