„Зегин“ донираше маски, ракавици и пробиотици во ГОБ „8 Септември”
Да помогнеме сите за да се му се вратиме на стариот живот што е можно побрзо! Бидете одговорни, за себе и за другите!, порачуваат од компанијата.
Компанијата „Зегин“ донираше хируршки маски, ракавици и пробиотици во ГОБ „8 Септември”.
На Институтот за белодробни заболувања компанијата помогна со дигитални апарати за мерење на крвниот притисок, како и пулс оксиметри, додека на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија донираше заштитни маски и ракавици.
– Коронавирусот нè научи дека за да се избориме против невидливиот противник мораме да реагираме заеднички, со сите сили. „Зегин“ како општествено одговорна компанија постојано се грижи за доброто на оние на кои во моментов им е потебна најголема помош и поддршка – медицинските лица. Да помогнеме сите за да се му се вратиме на стариот живот што е можно побрзо! Бидете одговорни, за себе и за другите! – порачуваат од компанијата.