СДСМ: Мрачни лампиони да му подарат на Мицкоски, му одговараат на мрачниот карактер
Нивен единствен придонес е црната кампања против здравствениот систем и иституциите што деноноќно се борат со коронавирусот и саботирањето на сите мерки за справување со пандемијата, наведено е во соопштението на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од мрачниот Христијан Мицкоски сака градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божикните празници, кои влеваат нова надеж, зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, реагиреаше СДСМ откако Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска му подари лампиони на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, порачувајќи му дека нема потреба од трошење пари за новогодишно украсување на Скопје.
Можеби ќе ве интересира
„Јелена Жугиќ нека му ги даде мрачните лампиони на Мицкоски, бидејќи совршено му одговараат на неговиот мрачен карактер и мрачните политички дејствувања. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, 11 години го уништуваа здравствениот систем, го газеа достоинството на лекарите, а сега очајно се обдуваат политички да профитираат на несреќата на граѓаните. Нивен единствен придонес е црната кампања против здравствениот систем и иституциите што деноноќно се борат со коронавирусот и саботирањето на сите мерки за справување со пандемијата“, наведено е во соопштението на СДСМ.