Почина легендарниот Мустафа Надаревиќ, познат како Изет Фазлиновиќ

Тој боледувал од рак на белите дробови, неодамна бил отпуштен од болницата и бил во куќата во Загреб, а според медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.

835

Легендарниот босански актер, Мустафа Надаревиќ, познат по улогата на Изет Фазлиновиќ, почина денеска по долга битка со тешко боледување на 77-годишна возраст.

Тој боледувал од рак на белите дробови, неодамна бил отпуштен од болницата и бил во куќата во Загреб, а според медиумите, тој не ја напуштил куќата поради епидемиолошката состојба.






Во јануари, на Надаревиќ му бил дијагностициран рак на белите дробови, а во февруари пристигнала вест дека се чувствува подобро.

На почетокот на март, Надаревиќ пристигна во Сараево да снима нови епизоди од серијата ,,Луд, збунет, нормален” во која ја игра главната улога, која беше прекината поради пандемијата на коронавирус. Потоа се врати во Загреб и на крајот на март рече дека е во болница.

Поврзани содржини