Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Секоја минута по еден човек во Македонија заболува од ковид. Секој час во изминатово деноноќие по еден човек го загубил својот живот. На секој час некое семејство во државава останало без свој близок поради неспособноста на Филипче. И додека бројките се поразителни, Филипче вели дека сѐ е под контрола. Филипче до каде сме со оставката кога на секоја минута имаш по еден заболен?!“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека бројките покажуваат дека Филипче нема ниту план, ниту стратегија, а државата е оставена сама на себе.
„Филипче требаше да си даде оставка уште вчера, но и денес не е доцна, граѓаните очекувааг одговорност!“, порачува партијата.