Жугиќ: Наместо лампиони Шилегов може да купи возила на Брза помош

1,104

ВМРО-ДПМНЕ апелира до градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, половина милион евра наместо за лампиони и диносауруси да ги насочи за набавка на медицински материјали, возила на Брза помош, јакнење на здравствените капацитети, помош на граѓаните кои се во самоизолација, помош на ранливите категории граѓани, на лицата со попреченост, да помогне во заштита на здравјето на скопјани.

– Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, повеќе од очигледно е дека тера инает со здравиот разум. Во услови на тешка пандемија, тој упорно не отстапува од намерата од градскиот буџет да потроши 32.340.000 денари или 525 илјади евра за новогодишни лампиони и пластични диносауруси. Од една страна владејачката партија прогласи кризна состојба, а од друга страна градоначалникот Шилегов инсистира да го кити градот со лампиони, новогодишни светилки и играчки диносауруси – изјави денеска Јелена Жугиќ, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.






ВМРО-ДПМНЕ подолго време апелира дека оваа астрономска сума треба да се пренамени за справување со здравствената криза.

– Во услови кога половина од заразените од вирусот на државно ниво се жители на Скопје, во услови кога секој ден стотина наши сограѓани заболуваат, а дел од нив го губат и својот живот, градоначалникот празните улици ќе ги кити со прескапи сијалички. Зошто и за кого? Здраворазумно е овие над половина милион евра  да се насочат онаму каде што е најпотребно, во заштита на здравјето и животите на скопјани. Во спротивно, неговото инаетење може да се толкува како јавна набавка која за градоначалникот претставува личен интерес, бонбона бизнис од кој и покрај апелите на скопјани тој нема, ама баш никаква намера да се откаже – додава Жугиќ.

 

Поврзани содржини