Владата не размислува за оставка ќе се фокусира на реформите

Според владиниот портпарол, Владата останува посветена на реформите кои се дел од патот кон членство во ЕУ и посочи дека земјава годинава стана членка на НАТО, а во март Советот на ЕУ едногласно, вклучително и Бугарија, одобри почеток на преговори со Северна Македонија.

314

Би било неодговорно Владата да поднесе оставка, неодговорно кон мнозинството граѓани кои само пред неколку месеци ѝ дадоа поддршка токму на оваа Влада за да ја водат одговорни политичари, убедени дека ќе се реализира европската агенда, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски,  прашањето дали премиерот Зоран Заев ќе поднесе оставка зашто нема почеток на преговори со Европската Унија.

Според владиниот портпарол, Владата останува посветена на реформите кои се дел од патот кон членство во ЕУ и посочи дека земјава годинава стана членка на НАТО, а во март Советот на ЕУ едногласно, вклучително и Бугарија, одобри почеток на преговори со Северна Македонија.






– Во март имаше и исклучително позитивен извештај од Европската комија за реформскиот напредок, каде што земјава е подобра од другите кандидати, па дури и понапред од некои земји кои веќе преговараат. Така што, фокусот на оваа влада останува на она што беше определба пред изборите и навистина би било неодговорно во таа насока да се размислува за некаква оставка –  рече Арсовски.

 

Поврзани содржини