Заиграл пиштол на Велешко Езеро, ограбен бутик во Карпош

352

ПРИВЕДЕН КРАДЕЦ – На 16.11.2020 во 10.30 часот во Гостивар, полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.М.(31) од с.Долна Бањица, гостиварско бидејќи претходно извршил кражба во Центарот за трансфузиологија во Гостивар.Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар, а украдените предмети му биле вратени на пријавителот на кражбата.

ЗАПЛЕНЕТИ РИБАРСКИ МРЕЖИ – На 16.11.2020 во времето од 13,00 до 16,00 часот од полициски службеници на околу 1000 метри од брегот на Охридското eзеро, спроти авто камп биле пронајдени рибарски мрежи со улов од риба белвица. Риболовниот алат бил подигнат и предаден во Полициска станица за граничен надзор „Охридско езеро“ за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






ОПОЖАРЕНА ВИКЕНДИЦА – На 16.11.2020 во 08,25 часот, во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во с.Малчиште настанал пожар во викенд куќа сопственост на О.Ј.(57) од с.Батинци, скопско. Пожарот бил локализиран од противпожарната екипа од Скопје.

ПИШТОЛ НА ВЕЛЕШКО ЕЗЕРО – СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Б.(36) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 18.10.2010 во 23,00 часот во угостителски објект на Велешко Езеро при меѓусебна расправија помеѓу оштетениот Х.Л. од с.Кочилари, Велешко, и Н.Б., истиот во раката држел пиштол.

МАРИХУАНА ВО ТЕТОВО – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(40) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 29.01.2020 околу 22.50 часот во Тетово на ул. „Борис Кидрич“ од полициски службеници биле забележани Д.М. и Н.Н.(20) од с.Рогле, Тетовско, и при извршен преглед кај Д.М. било пронајдена и одземена марихуана.

КРАЖБА ВО КОЛОНИЈАЛ – На 16.11.2020 во 12,10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во колонијал на подрачје на Аеродром, едно лице со закана од вработената одзел 2000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОРУЖЈЕ ВО РОПОТОВО – Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од с.Ропотово, – Општина Долнени поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 06.05.2020 од полициски службеници при претрес во домот на пријавениот во с.Ропотово пријавениот на полициските службеници им предал ловен карабин кал.8х57 ЈS мм, сигнален пиштол „екол сава“, седум парчиња муниција за ловен карабин и три парчиња муниција за сигнален пиштол, за кои не поседувал документи.

НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛ ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.З.(65) од Куманово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.06.2020 во 12,55 часот на ул.Народна Револуција во Куманово од полициски службеници при СВР Куманово, Ј.З. бил затекнат како се движи пеш, при што истиот не ја почитувал мерката на Влада на Република Северна Македонија за забрана на движење на населението.

ОГРАБЕН БУТИК – На 16.11.2020 во 16,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бутик на подрачје на Карпош, едно лице со закана од вработената одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 17.11.2020)

Поврзани содржини