ВМРО-ДПМНЕ: Градинките имаат над 300 заразени и 47 деца, a Шахпаска нѐ замајува со неработни денови

210

Државата е во колапс. Во градинките има над 300 вработени заразени и 47 деца од корона, а министерката Шахпаска ја замајува јавноста со епски долги разговори за тоа дали недела ќе бил работен или неработен ден. Тоа е дефокус од вистинските теми важни за граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е со највисока стапка на смртност од корона и на Балканот и во ЕУ. Институтот за економски анализи и истражувања „Фајненс тинк“  објави дека околу 475.000 граѓани живеат со помалку од 2 евра на ден, во брутална сиромаштија. 50 илјади луѓе останаа без работа поради катастрофалните политики на Заев и Владата во ковид кризата. Што ќе прави Шахпаска со загубарите и стечајните работници? Ова се вистинските прашања на кои јавноста заслужува одговор. Никој не заслужува вакво неодговорно однесување од власта, а најмалку децата и вработените во градинките“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини