Преку телевизија дознал дека синот му игра за Јувентус: „Го пуштив телевизорот и го видов син ми на теренот“

Ерколе Фработа, таткото на Џанлука, за италијанските медиуми изјавил дека од телевизија дознал дека неговиот син игра во првиот тим на Јувентус.

1,352

Секое дете во светот има желба еден ден да заигра за Интер, Милан, Реал Мадрид, Барселона, Ливерпул, Јувентус, а кога сонот ќе стане реалност, тогаш голем дел од тие деца почнуваат насекаде да се фалат за кој клуб играат и колку пари заработуваат.

Но, не и младиот Италијанец Џанлука Фработа. Тој оваа сезона доби шанса од тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, да заигра во првиот тим на италијанскиот клуб, но за тоа искуство не кажал ниту на родителите.






Ерколе Фработа, таткото на Џанлука, за италијанските медиуми изјавил дека од телевизија дознал дека неговиот син игра во првиот тим на Јувентус.

– Воопшто не ни кажа дека ќе игра за првиот тим на Јувентус на мечот со Сампдорија. Тоа го дознав дури кога го вклучив телевизорот и кога видов дека мојот син игра за Јуве. Ја почитувам одлуката на мојот син да не ми кажува. Веројатно не сака сам себеси да си наметне уште поголем притисок – рекол Фработа.

Поврзани содржини