Татко кој работи од дома стана хит по пораките кои на врата ги залепил за својте деца
Кухл фотографијата ја објавил на мрежата LinkedIn и таа собрала повеќе од 100.000 лајкови и 3.600 коментари со водушевување.
Работата од дома е посебно предизвик за родителите. Таткото Давид Кухл од Флорида е меѓу родителите на кој им е невозможно да работат без да бидат попречувани од децата, пренесува хрватски Индех.
Тој нашол начин како на децата да им објасни да не му пречат во време на важни состаноци.
Тој направил урнебесни плакати со листа на правила кои се на сила кога вратата од работната соба е затворена.
Му текнало на најчестите прашања на децата и листата со очекуваните одговори ја залепил на вратата од собата.
„Не“, „Ако не крвариш, се е во ред“, Парчиња овошје“, „Во купатило“, „Прашај ја мама“, се одговорите на прашањата на децата.
Исто така тој укажал дека децата не смеат да влегуваат во собата бидејќи во спротивно ќе добијат казна, односно два дена нема да можат да гледаат во екран.
Кухл фотографијата ја објавил на мрежата LinkedIn и таа собрала повеќе од 100.000 лајкови и 3.600 коментари со водушевување.