Обама: Мишел ќе ме разведе, ако станам дел од новата администрација

Pоранешниот претседател на САД рече дека ќе му помогне на Џо Бајден на секаков можен начин.

932

Поранешниот американски претседател Барак Обама изјави денеска дека не би прифатил место во администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој беше негов потпретседател.

Тој во интервју за Си Би Ес, одговарајќи на прашањето како ќе му помогне на Бајден откако ќе ја преземе функцијата во јануари, Обама одговори дека на Бајден не му се потребни неговите совети.






– Ќе му помогнам на секаков можен начин. Не планирам одеднаш да почнам да работам како член на кабинетот на Белата куќа или нешто слично, истакна Обама.

На прашањето дали размислува за функција во новата администрација, Обама изјави дека некои работи никогаш не би ги направил бидејќи неговата сопруга Мишел веднаш ќе се разведе од него.

Поврзани содржини