Мизрахи: 1.305 светилки за жртвите од ковид-19, ќе беа помалку да не беше неспособноста на Филипче (ВИДЕО+ФОТО)
Мизрахи рече дека додека се продава скап ПР со единствена цел „да се избега од одговорност" во стил на ова владеење, јасно е дека одговорноста е на премиерот и министерот за здравство.
Секојдневно се држат прес-конференции на броеви.195 починати за една недела, 1305 од почетокот на пандемијата во месец март, но ковид-19 не е статистика.Ова се луѓе, со име и презиме. Нечии мајки,татковци, сестри, браќа, нечии деца, изјави вечерва Рахела Мизрахи член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за време на настанот на кој беа пуштени 1305 светилки за почит кон починатите од ковид-19.
– Владата како да потпишала капитулација и по ова прашање, а здравствениот систем е во колапс. Венко Филипче освен празни зборови нема конкретни решенија. А оваа битка не се добива со прес конференции, туку со мерки, протоколи и мобилизација на сиот квалитетен кадар. И додека се продава скап ПР со единствена цел „да се избега од одговорност” во стил на ова владеење, јасно е господине премиер, и вие господине министер за здравство, одговорноста е целосно ваша – рече Мизрахи.
Таа додеаде дека неславните бројки на починати би биле помали, ако министерот за здравство знае како треба да се реагира.
– Сите знаеме дека секаде во светот умираат луѓе од ковид, но сигурни сме дека оваа трагедија ќе беше многу помала да не беше и да не е вашето неспособно управување со кризата. Овој настан вечерва е во знак на почит од жртвите од ковид луѓето кои ги загубивме, а можеше да се направи многу повеќе.
Тие не се тука поради неспособната влада и Венко Филипче кој мора да си даде оставка.Неговата оставка не е прашање на политички чин туку прашање на нужност. Прашање на живот – рече Мизрахи.