Казни за 168 несовесни возачи во Скопје
Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила – велат од МВР.
Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во врска со техничката исправност на автобуси и комбиња кои вршат јавен превоз на патници. Во станица за технички преглед беа однесени 58 автобуси и комбиња, од кои 6 беа технички неисправни.
Од министерството истакнуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, па затоа апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.