Земјотрес со јачина од 5 степени ги раздрма Скопје, Тетово, Гостивар, Битола и Прилеп

1,284

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда од пет степени е регистриран рано изутринава во 04 часот и 54 минути во во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со пет степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со четири, а во Битола, Прилеп и околината со три степени.

Поврзани содржини