Совети од најискусните бугарски лекари: Како да ги препознаеме симптомите на ковид-19 и како да се лекуваме во домашни услови?

Совети од лекарите од болницата за итни случаи „Пирогов“ од Софија, еден од првите ургентни центри кој уште пред седум месеци почна да лекува пациенти заболени од ковид-19.

6,623

Свои упатства и препораки за препорачана профилакса во случај на сомневање за инфекција со ковид-19 објави и најголемата болница за итни случаи во Бугарија, „Пирогов“.

Интерниот документ е наменет за лекарите, медицинските сестри и за редарите кои работат во болницата, но може да се користи и од обичните луѓе за само-мониторинг.






Советите и препораките се собрани врз основа на седуммесечното искуство на „Пирогов“ во третманот на пациенти со коронавирус. Овој ургентен центар беше еден од првите што прифати и лекуваше луѓе со ковид-19.

Паралелно со црните рекорди на заразени со коронавирусот, во текот на есента се зголемува бројот на заболени со типичните сезонски вирусни инфекции, а симптомите често се преклопуваат, предупредуваат од „Пирогов“. Затоа нивниот главен совет е и при најмало сомневање дека сте заболени од ковид-19, да побарате медицински совет и да не чекате состојбата да се влоши.

Сепак, многу луѓе ги преувеличуваат своите симптоми за време на телефонската консултација, за да повикаат тим за итни случаи за да да ги прегледаат и ова претставува тежок товар за здравствениот систем. Од друга страна, пак, се оние кои, при присуство на мирис, на пример (неговото отсуство е еден од карактеристиките SARSCoV-2) одлучуваат дека тоа е друг респираторен вирус и понекогаш доцна бараат лекарска помош. Третата група на луѓе се оние кои вирусот го пребродуваат многу лесно, не обрнуваат внимание на симптомите, не се во самоизолација и го шират вирусот.

Симптомите типични за инфекција со коронавирус се поделени во неколку групи – рана, лесна, средно тешка и тешка – и се насока луѓето да се набљудуваат себеси, за да ја откријат нивната манифестација. Тоа не значи дека симптомите не може да се сигнал за друга вирусна инфекција, но нивната комбинација може да биде водич за матичиот лекар, кога ќе побараат совет дури и по телефон.

Еве ги упатствата за медицинските лица од „Пирогов“:

РАНИ СИМПТОМИ:

Непријатност во конјуктивата – пецкање на конјуктивата (спојница меѓу капакот на окото и очното јаболко), чешање, солзење, напнатост во мускулите на окото при движење на очното јаболко, тежина и болка при движење на очното јаболко;

Назофарингеална непријатност – пецкање и/или сушење на назофарингеалната мукоза, течење на носот, промени во чувството за мирис, губење на чувство за мирис, глувост на ушите, проблеми при голтање;

Непријатност од орофаринксот (голтникот) – промена на сензациите за вкус до појава на изменет вкус, умерена силно болно грло, промена на гласот.

Овие рани симптоми се карактеристични за многу болести слични на грип и служат само како почетен сигнал за тревога. Последователниот развој ја ограничува инфекцијата со ковид-19 и треба да биде направена консултација со интернист и/или лабораториски тест, советуваат од „Пирогов“.

СРЕДНИ СИМПТОМИ:

Спорадична главоболка – брзо реагира на аналгетици

Скршеност и болки во мускулите

Зголемена температурата до 37,5 степени, без треска

Занемарлива анорексија со променлив карактер

Занемарлив замор

СРЕДНО ТЕШКИ СИМПТОМИ:

Зголемување на температурата над 37,5 степени, со или без треска – брзо и долго (за 6-8 часа) реагирање на антипиретици, обилно потење, претежно ноќе;

Спорадична кашлица, со или без искашлување;

Појава на отежнато дишење при минимален физички напор;

Чувствителен замор, што доведува до промена во нормалниот режим на моториката;

Продолжителна и тешка главоболка – тешко се отстранува со аналгетици;

Трајно губење на чувството за мирис и трајно губење на апетитот,

ТЕШКИ СИМПТОМИ:

Температура над 38 степени со постојан карактер, со или без треска – тешко е да се влијае со терапија и при кратки интервали (не повеќе од 2-3 часа), или не реагира на антипиретици;

Постојан замор –  прераснува во беспомошност за време на нападите;

Постојана продолжена кашлица – вклучително и „кашлање“ како знак на беспомошност, со или без искашлување

Градна болка – која ја опфаќа и околината:;

Отежнато дишење и прр одмор, модринки на ноктите, усните и на увото;

Тахикардија – забрзано срцебиење;

Поспаност, летаргија.

– Не чекајте за појава на тешки симптоми, туку направете навремена консултација со лекар – советуваат од „Пирогов“. – При првите симптоми треба да се извести шефот и да не се оди на работа сè додека не се разјасни причината за болеста. Консултирајте се со доктор по интерна медицина и строго спроведувајте ги неговите препораки, тестовите, режимот на лекување и правилата за домашен третман што ги препорачува од болницата за итни случаи.

ПРЕПОРАЧАНА ТЕРАПЕВТСКА ШЕМА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Лекарите од „Пирогов“ исто така укажуваат на специфична шема на превентивен третман, која вклучува вазодилататор и антивирусен лек, ацетилсалицилна киселина, хербален лек против синуситис, кашлица и против бронхитис и лек кој содржи стандардизиран миртол.

Се препорачува терапија да почне веднаш по сомнителен контакт со заразено лице, или да се врши континуирано, во согласност со соодветниот режим на дозирање и распоредот на употреба. Во отсуство на контраиндикации, добра толерантна профилакса се изведува 6 до 9 месеци без прекин, бидејќи сите лекови се земаат непосредно пред оброкот („седење на маса“), по препорака на лекар, а не на своја рака или со следење на придружните упатства во лекарствата.

Покрај ова, за превенција се препорачува да се вклучат во дневното мени 50-100 гр сурови семки од тиква во период од 6 до 9 месеци (по можност во целиот период есен-пролет). Дозволено е да се земаат витамини и додатоци во исхраната, но во консултација со интернист.

Според лекарите од „Пирогој“, тоа е она што можете да го сторите самите за превенција на болеста. При појавата на симптомите, задолжително е лечењето да се врши под контрола на лекар. Како и во други земји, така и во Бугарија, во оптек се повеќе протоколи што им се препорачуваат на матичните лекари при лекувањето на пациентите со ковид-19. Еве еден таков популарен протокол во Бугарија. Нагласуваме дека станува збор за протокол кој бара лечење ВЕДНАШ ПО ПОЈАВАТА НА ПРВИТЕ СИМПТОМИ:

 

Поврзани содржини