НАЈДЕНА МАРИХУАНА КАЈ ДВЕ ЛИЦА ОД ПРОБИШТИП – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Д.Р.(36) и О.А.(30), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. На 03.05.2020 во Пробиштип, полициски службеници кај нив пронашле и одзеле марихуана.
ЛАЖЕЛА ДА ДОБИЕ КРЕДИТ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Дебар, со живеалиште во САД, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или друга погодност“ и „измама“. На 06.10.2016, пријавената, во Отсекот за управни работи Дебар при МВР, поднела барање за добивање уверение за живеалиште со прилог изјава во која внела невистинити податоци дека се вратила од САД и дека ќе живее во општина Дебар, иако сѐ уште престојувала во САД, при што добила уверение со кое се потврдува дека има пријавено живеалиште во Дебар. Таквото уверение го приложила пред надлежните служби во Бирото за метрологија, Царинската служба во Струга, техничка служба во Охрид, како и во постапка за идентификација на патничко возило „тојота“, при што за возилото добила сообраќајна дозвола и регистарски ознаки.
МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО БОГОВИЊЕ – На 05.11.2020 околу 09.20 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода: Б.М.(42), А.М.(53), З.М.(41), Е.Б.30), И.Б.(29), Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), сите од с.Боговиње, тетовско, кои пред објект во изградба во ова село, половина час пред тоа, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот. Подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ.Б.(58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож. По документирање на случајот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
ШТИПЈАНИ СЕ ТЕПАЛЕ СО МЕТАЛНИ И ДРВЕНИ ПРЕДМЕТИ – На 05.11.2020 во 18.05 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Д.Ј.(31) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Околу 15.00 часот на ул.„Радански пат“ во Штип, С.Д.(18), С.Д.(21), Е.Д(44) и двајца малолетници биле физички нападнати од Д.Ј. и уште шест лица, при што биле употребени метални и дрвени премети. Се работи на целосно документирање на случајот, по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛОТО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Т.Б.(34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.12.2019 на магистрален пат Кичево-Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
ДОБИЛЕ ЌОТЕК НА СКОПСКИОТ КЕЈ – На 05.11.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје, С.А.(38) и А.Д. од Скопје биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ГИ НАПАДНАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – На 06.11.2020 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 05.11.2020 околу 23.00 часот на подрачјето на Центар П.М.(36) и Н.М.(35), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од Д.Д.. Се работи на расчистување на случајот.
МУ НАШЛЕ ДРОГА ВО ЏЕБОТ – СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 11.07.2020 на ул.„Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
ИЗЕЛ ЌОТЕК ВО ЦЕНТАР – На 05.11.2020 во 14.00 часот во СВР Скопје, С.С.(61) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.И.(57) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
КАВАДАРЧАНКА БИЛА НАПАДНАТА ВО КИСЕЛА ВОДА – На 05.11.2020 во 02.00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(21) од Кавадарци пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
НАЈДЕНА МАРИХУАНА КАЈ ШТИПЈАНЕЦ – СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Т.(26) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.07.2020 во Штип, полициски службеници кај пријавениот пронашле марихуана.
МУ НАШЛЕ КОКАИН И МАРИХУАНА – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.С.(42) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 19.05.2020 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин.
ДИСТРИБУИРАЛ ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА – ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од с.Бајрамовци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „прикажување порнографски материјал на дете“. Тој, на 09.10.2020 со закана од малолетничка побарал да му испрати фотографии со непристојна содржина кои, откако ги добил, ги препратил на друго лице.
ФАТЕН КРАДЕЦ НА ДРВА – ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.К.(33) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. При контрола, извршена на 24.10.2020 на патот од с.Горно Мелничани кон Дебар, полициски службеници констатирале дека пријавениот во своето возило „фолксваген“ превезувал буково дрво без жиг, за кое немал соодветна документација.
ТАТКО ГО ПРОБОДЕЛ СИНОТ – На 05.11.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во с.Идризово, скопско, Е.Р.(80), лице со здравствени проблеми, со остар предмет му нанел повреда на неговиот син Р.Р.. Според пријавеното, тој бил совладан од членови на семејството, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЗАПАЛИЛ ОБЈЕКТ И ВОЗИЛО – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против К.Д. од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 19.10.2020 во Радовиш, пријавениот предизвикал пожар во неговиот помошен објект, кој се проширил на помошните објекти, сопственост на Б.К., при што зафатил и паркирано патничко возило „алфа ромео“.