Казнети 230 скопјани во текот на вчерашниот ден

Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

228

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 230 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 77 санкции за непрописно паркирани возила и 29 санкции за неносење заштитна маска – велат од МВР.






Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Исто така апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини