Терористот од Виена посетувал џамија во која оделе познати џихадисти

Весникот „Естерајх“ наведува дека „центарот за регрутирање“ бил џамија во 16-та област во Виена, која, како и Фејзулаи, ја посетувале познати исламисти како што е џихадистот Мохамед М, убиен во Сирија, и Мирсад Омеровиќ, осуден на 20 години затвор, како и Австриецот со албанско потекло Лоренц К., кој како малолетник планирал терористички напади во Виена и сега е во затвор. 

1,112

Терористот Кујтим Фејзулаи, кој е со потекло од тетовско Челопек, и кој во понеделникот во Виена изврши терористички напад и усмрти четири лица, бил тесно поврзан со австриската исламска сцена, пишува виенскиот весник „Естерајх“.

Весникот наведува дека „центарот за регрутирање“ бил џамија во 16-та област во Виена, која, како и Фејзулаи, ја посетувале познати исламисти како што е џихадистот Мохамед М, убиен во Сирија, и Мирсад Омеровиќ, осуден на 20 години затвор, како и Австриецот со албанско потекло Лоренц К., кој како малолетник планирал терористички напади во Виена и сега е во затвор.






Весникот се повикува на досието на Фејзулаи, кој беше осуден на 22 месеци затвор поради терористичко здружување, а пуштен е порано бидејќи ги измамил властите уверувајќи ги дека е дерадикализиран. Во досието се вели дека Кујтим бил израснат според исламската вера и дека тој станал ‘салафистичко-џихадистички поддржувач на политичкиот такфириаз’.

За време на истрагата, по неговиот терористички напад, полицијата уапсила 14 лица во повеќе градови во Австрија, кои имале врска со Фејзулаи, а за кои се смета дека се негови соучесници.

Исто така, во Швајцарија се уапсени две лица кои имале контакт со него.

Поврзани содржини