Кој витамин да го внесувате кога воздухот е сив и смрдлив?
Меѓународниот тим на научници во 2017 година направил клиничко испитување со цел да дознае како последиците од загадениот воздух би можеле да бидат ублажени со помош на витаминot Б, кој содржи 2.5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мг витамин Б12.
Жителите на повеќе земји на Западен Балкан, вклучувајќи нè и нас во Македонија, се соочуваат со алармантно загаден воздух, меѓутоа овој проблем не се случува само тука, туку и во целиот свет.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 90 отсто од светската популација живее во подрачја каде што загадувањето на воздухот ги преминува границите. Долго време научниците се сомневаа дека ПМ 2,5 честичките во воздухот предизвикуваат епигенетски промени во нашите ќелии кои можат да го загрозат нашето здравје.
Меѓународниот тим на научници во 2017 година направил клиничко испитување со цел да дознае како последиците од загадениот воздух би можеле да бидат ублажени со помош на витаминot Б, кој содржи 2.5 мг фолна киселина, 50 мг витамин Б6 и 1 мг витамин Б12.
Во истражувањето учествувале 10 волонтери кои најпрво биле изложени на чист воздух и им давале плацебо за да им ја измерат нивната основна реакција. Подоцна, истите тие волонтери биле тестирани со големи дози на витаминот Б и биле изложени на многу загаден воздух кој содржи високо ниво на ПМ 2,5.
Резултатите од истражувањето откриле дека четиринеделното консумирање на витаминот Б го ограничува ефектот на ПМ 2,5 помеѓу 28 и 78 отсто на 10 генски локации. Истражувачите забележале дека слична редукција се случува и во митохондријската ДНК, во ќелиите кои генерираат енергија.
Научниците сепак тврдат дека ова истражување има многу ограничувања, како што малиот број испитаници, а има и малку информации за тоа колкава количина на витаминот Б предизвикува реакција.