Милошоски за Димитров: Илјадници медицински сестри се изложени на ризик, а размазениот министер не сакал да дојде во Собрание за да не се заразел!?
Размазениот министер не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата. Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието, реагира на Фејсбук Антонио Милошоски, пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика на одговорот на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров зошто не присустувал на вчерашната седница на која бил поканет за да објасни пред пратениците и граѓаните што преговарал со Бугарија.