Курц: Војската излегува на улиците, ќе ги чува објектите во Виена

За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука Армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.

415

Австрискиот канцелар Себастијан Курц синоќа соопшти дека Армијата ќе ја преземе заштитата на објектите и локациите во Виена.

За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, Владата донесе одлука Армијата да ја преземе заштитата на објектите во Виена, изјави Курц.






Тој ги осуди вооружените напади во центарот на Виена како „гнасни терористички напади“ и истакна дека полицијата одлучно ќе дејствува против извршителите на овој грозоморен терористички акт.

Поврзани содржини